Од сите извици и пукање се издвоил еден истрел, бил судбина на животното, не на луѓето.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И така, во намисувања за деновите на пониженост и миговите на гордост заради тоа што се успеало да се опстане и да се пркоси на сѐ што било туѓо, немило и недраго, омразено и мрачно и што било судбина натурена со туѓа рака и волја, си тече животот во тесната котлинка меѓу коњушниците, подгниените бараки, трите казани, прашливото џаде, камионите што двапати на ден пренесуваат ранети и оздравеници, лелеците и тажалките, полудените, падавичарите и црневицата расплакана, болна од чемери и исчекување.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Си помисли, колку ли клета била судбината на уловените јагули да завршат во овој примитивен лавиринт - стапица. Во оваа балканска гилотина!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)