А дотогаш, додека времето не ја донесе вистинската приказна за тоа како станало Бошевото заминување од Потковицата, кој бил татко ѝ на Драганка и од кај им биле парите на Јанческите, многу поројни води протекоа низ Голема Вода и многу нови патчиња разгазија потковичаните по ридиштата и низ полето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Првото: навистина ли татко ѝ на Драганка со сила го одвел Бошета, како што кажуваа Јанческите, или пак, сам Боше, од своја волја и со Јанческа согласност отишол со него; второто: кој бил татко ѝ на Драганка, некој прочуен ајдутин, војвода, или, пак, како што рече Тахир бег Јаузоски некој богат трговец?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ти си мислиш - татко дури бил татко?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
За среќа деканот на медицинскиот факултет на YALE и бил татко на неговата најдобра пријателка Сју. А, мајката на Сју исто така, позната докторка.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Си бил татко, знаеш колку е мачно, колку е тешко во туѓина да чуеш дека прв пат си станал татко...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Молчи, Јордане! Засрами се!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Кога разбра дека Трајко Сирме и бил татко на Анѓа, не можеше да се воздржи, а да не воскликне пред неа: – Ами кога ти велев дека ќе ги изгубиш родителите, ти што велеше, а? – и пак ја покани да се потурчи, не да ја прави сега анама, ами да му помине инаетот, да биде на неговото.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
НЕ КОМУ МУ ЈЕ ПЕЧЕНО, АМИ ЗА КОГО ЈЕ РЕЧЕНО Си бил во некој град еден сиромав терзија, од него побрз нигде немало, ноќе - дење шиел и шиел; цел ден глаа не креал од работата, ни гледал кој врви пред негојио дуќан и кој оди од пустото шиење негоо, ту како од како да сработи поеќе работа и да спечали троа пари да си купи една куќарка и некое нивче, барем во лето да си сади ја тутунче, ја разјање, како што си саделе комшиите, за и тој да биде малко пораат, дури да му втасаат децата и да 'и глави, да белким ќе го изваат на сељамет.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
И тогај му раскажала за трите наречници како што му рекле една ноќ и, ете, вистина се погодило, чунки чоекот што го отепал в лозје бил татко му негов.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)