На блискиот крај на ова патување, а крајот за мене постојано се оддалечуваше, сè повеќе трагав по одговор на прашањето: кој беше всушност Х.Х., дали некогаш бил човек?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Па, и тој бил човек, може да згреши нели!?... Ха, ха...
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
На него веќе немаше ништо суво - бил човек, станал сенка, сега ни кучињата не го забележуваат.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И кај не ќе ти отиде умот тогаш?... За никаде бил човекот сам...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ништо не бил човекот, си мислам, освен една запалена свеќа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
За дотука бил човекот, немал повеќе денови и тоа ти е...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Таму, кога не би бил човекот, не би се знаело што е тоа сенка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не оти во домот, да речеш, и покрај неговиот особен, чуден, строг однос, некој сосема да не го прижалуваше, на крајот, се работеше за човечки живот, каков бил - бил човек.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ти си само минувач по небесниот друм обожувач и служител на каприцот на правта (Бидејќи и правта некогаш била човек).
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
А и татко ти, иако го викнаа за сведок, не можеше со сигурност да потврди и да објасни кој бил човекот што поминал покрај него а со кого легнала кутрата Босилка во таа нејзина единствена ноќ и со единствениот нејзин случај на платена љубов.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Како што тврдеше и самиот Раде, Крстиќ умеел да сослуша, имал разбирање за туѓите неволи, личел на човек кој знае што сака а и татко му на тој Крстиќ кој изградил многу палати во Белград бил човек од нашите краишта.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тие знаат добро кој бил Мусолини, Чано... – Но Чано бил човек како и многу други... затекнат од историјата... – Ама тој раководеше со фашистичката окупација на Албанија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)