Онисифор наш, оној онде, ќе ги влече запрегите, Јаков ќе му е штит на рака.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Разговорот што го водел со гостилничарот бил без предумисла и без некоја однапред подготвена намера.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Кога би смогнал сили, значи, како Буда, и да се втројам ваков - и тоа би било без значење: би се втроил снеможен и - стуштен...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Не биле сигурни, но јавачот како да дремел во седлото, се нишал олабавен напред и назад оставајќи му на коњот да одбира врвици со бавни нозе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бил без пушка, не можело да се види што има на појасот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Па најпосле, која свадба била без озборувања, та и оваа?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Навистина умот му бил без светлина. Тоа можело да се забележи - во изѕемнатото грло му клокотела смеа слична на липања.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)