бил (гл.) - виновен (прид.)

Од болка и тага што животот ќе го врви со слеп човек, започнала со омраза да гледа на сè околу себе; секој ѝ бил виновен и ѝ пречел, кон секого го истурала својот јад и лутина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Зарем за ова за кое говорите биле виновни Ленин и Советската комунистичка партија?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сметал дека тие биле виновни за кризата во Турција и му се чинело дека исполнува голем патриотски долг со тоа што ги мачи заточениците.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И тој пак додава дека тие “отворено тврдат“ оти секој егзархист бил виновен за соучешништво, барем морално, со револуционерите и атентаторите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За ваквите збрки секогаш биле виновни претрчувањата на сеќавањата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не, не бил виновен, имал такви заслуги.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Да, бил виновен, таквиот човек со ордени.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Можело да се случи, ако пукне вистината, да му ја затрупа иднината на тој ваш Големец, иако, барем јас така мислам, всуштност и не бил виновен тој туку законите и правилата на однесувањето што ги измисливте за да ве прикажуваат како светли предводници во еден поубав живот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не може секој да се приспособи на правилата и наредбите, па и тогаш кога ќе се донесат со добра намера.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А да не го спомнувам она, дека не може да се изгради добар закон ако во него не се почитуваат природните закони.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Навистина, што згрешил Чардаклија? Колку што сфати: бил виновен дека чувал некоја стока на Баручиеви кои му се паѓале блиски роднини.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Никој ништо не ќе може да рече.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Никој не ќе може да рече дека тие биле виновни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Никој не знае ништо за нив и за бебето, а комбето ќе издржи уште барем пет илјади милји.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)