Директорот продолжи со уште понагласена интонација: - Како сте можеле да прифатите дека бил единствениот човек...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Гонет поради револуционерниот говор од фашистичката полиција, бил принуден да се засолни во Софија.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
На 2 август 1941 год. кај манастирот Свети Илија над с. Велгошти, до Охрид, бил единствен говорник на Илинденскиот митинг.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Зборот бил единствениот технолошки можен медиум. Денес... го читаме Меклуан.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во Елизабетанскиот период на шекспир театарот бил и театар и филм и вести и Mtv.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во ниеден момент не станавме енфатични, разговаравме како од нешто веќе познато и усвоено гледајќи се меѓусебно без повредување, верувам дека Мари-Клод ме пуштала да дојдам и да бидам во нејзината сегашност како што можеби Маргарита би одговорила на мојата насмевка врз стаклото да не се испречеа толку 62 претходни калапи, толку не смееш воопшто да одговараш ако некој ти пријде на улица или ако ти понуди бонбони и те викне на кино, сè додека Мари-Клод, веќе ослободена од мојата насмевка упатена кон Маргарита, Мари-Клод на улицата и во кафулето, сè додека таа не помисли дека тоа била добра насмевка, дека непознатиот одоздола не ѝ се насмевнал на Маргарита за да опипа некаков инаков терен, и дека мојот бесмислен начин да ѝ пријдам бил единствениот разбирлив, единствена причина да рече да, можеме, да можеме да позборуваме во кафулето со пијалок.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Единствени што навистина веруваат во фантоми се самите фантоми, како што тоа го потврдува прочуениот дијалог во галеријата на слики.** Ако во било кој поредок на фантастичното би го постигнале тој степен, Теодор веќе не би бил единствениот што застанува неподвижен, кутра животинка, посматрајќи го она што сѐ уште не знаеме да го видиме.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Отсекогаш знаев дека најголемите изненадувања нè очекуваат токму на местото каде што конечно би научиле дека ништо нѐ не изненадува, разбирајќи под тоа да не се вџашуваме пред нарушувањата на поредокот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И покрај тоа што признал дека е под квалитетите на Томас Ман, сепак, тоа не била единствената причина поради која се нафатил да го драматизира неговото дело.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Стоби бил единствениот македонски град со статус на муниципиј, додека Тесалоника, Амфипол и Скотуса имале статус на слободни градови.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Уште повеќе што тој бил единствениот патник кој не се јавил да си го земе куферот од агенцијата на “Месажери мартин“ компанијата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Не, не станувало збор за да втасам на некое неодредено место туку за да се вратам во тоа мое утре во кое некогаш веќе сум бил?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ние самите сме ковачи на својата судбина". (Ова е онаа втора порака, што ми се насмевнува од темнината...) Знам, ќе си заминам и тоа речиси пеш од таа изодена приказна на мојата младост, а малку понесов како утеха и како искуство.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
"Животот го следи само она што нашето залагање настојува да го оствари; затоа залагањето упорно им се нуди на нашите раце и на нашиот ум; им помага тоа да го сторат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тоа бил единствениот начин за да втасам во моето далечно утре.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Да, да. Тоа би бил единствениот начин да се ослободиш од мене. (Иронично и нагласено.) ...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)