Не биле наше дело, биле руско масло.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Да изградиме куќи од песок но дом од најцврсти темели, столбови на разбирањето, почитта, љубовта, вредностите на вистината. Тоа би било нашето највредно наследство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Не е наивно да веруваме дека доброто со добро ќе се врати.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Револуционери кои станувале владетели во своите земји, нобеловци, славни писатели биле наши пријатели, пријатели на бараните книги кои секогаш успешно им ги наоѓавме коментира Армен Самуелиан, творецот на Источната библиотека, кој беше познат по својот толерантен однос кон книгите од сите режими и од сите источни краишта на светот од Балканот до Блискиот и Далечниот Исток, до Кина и Јапонија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Отсекогаш Есма Реџепова ми наликувала на Арета Френклин, а Ферус Мустафов ми бил нашиот Чарли Паркер.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Па, само да ги погледнеш фотографиите од тоа каква метропола бил нашиот (и мојот и вашиот) роден град некогаш, сè ќе ти стане јасно: баба ми и баба ти јавале исто превозно средство.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Појди. Си бил наш војник.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тие главно се хранеле во познатите скромни ресторани чии сопственици биле наши луѓе, еден од кои се наоѓал отспроти Банката, и живееле скромно.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тој бил наш далечен предок, некој си мој пра-пра дедо.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сетики убијците биле наши луѓе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)