Понекогаш тој ќе препрочиташе некоја од книгите кои ми ги препорачуваше – ги сакаше Софокле, Шекспир, Гете и Сервантес; од мене бараше да не ги читам Балзак и Флобер, затоа што биле полни со неморалности; Достоевски, кого тукушто го откриваше, ми го забрануваше затоа што бил полн со мрачни мисли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа утро, пред да излезе од дома помалиот брат на татко ми бил полн со здравје и многу весел.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Речи си трчејќи заминал кон полето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се обидуваше да ми помогне да ги разберам Хегел и Шопенхауер, а јас му раскажував за она што го читав од Платон, чии дела му беа познати посредно, преку она што Џон Стјуарт Мил го имаше напишано за него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се пресмета дека во резервоарот би влегувале шеесет литри вода во минута, така што за помалку од една ноќ, резервоарот би бил наполнет, односно, дури и да се потроши акумулираното количество од седумдесет илјади литри, за околу дванаесет часа, тој пак би бил полн. Се разбира, се сметаше на еден просек.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога ја среќавав Клара, чувствував дека животот може да има смисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас знаев дека борбата на Добрата Душичка против бесмислата со помош на најбесмисленото нешто – разговорот со празното - значеше да ѝ се даде смисла на бесмислата; светот отсекогаш бил полн со луѓе кои се гледаат очи в очи и водат празни разговори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)