Прв таму се преселил Пехштајн 1908, а до 1911 таму биле собрани сите членови на „Мост”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Во салата каде што требало да говори биле собрани само видните граѓани и градските првенци.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Откако биле собрани сите информации (неподигнувањето на куферот од агенцијата било силен аргумент), се знаело дека тоа лице било Бугарин, кое по преспивањето во хотелот “Партенон“ заминало со воз кон Скопје.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
При крајот на март 1903 година во Солун биле собрани следниве гемиџии: Јордан Попјорданов - Орце, Коста Кирков, Димитар Мечев - Мечето, Павел Шатев (Ѓорѓи Манасов), Владо Пингов, Илија Трчков, Георги Богданов, Марко Бошнаков и најмладиот во Кружокот, Милан Арсов.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Највисоките раководители на Битолскиот револуционерен округ биле собрани во село Смилево на конгрес кога низ Македонија се проширила веста за Солунските атентати.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Што би било кога во градов, на едно место би биле собрани само куци луѓе како него, и згора на тоа да немаат право да се мешаат со други?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Еднаш беше ги скарал неколку деца што биле собрани онде на крај селоно под едно дрво јаворово.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
На истиот, за прв пат во европската историја, на едно место биле собрани два императора, четири крала, два принца наследници, три херцози, 215 претставници на кнежевски куќи и 450 дипломати и официјални лица.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Со решенијата донесени на Виенскиот конгрес била прекроена картата на Европа, игнорирајќи ги притоа националните интереси на народите и малите држави. 2 Корените на американскиот изолационизам датираат уште од 2 декември 1823 година, кога Монро му објавил на светот дека „политичкиот систем на сојузничките сили битно се разликува… од политичкиот систем на Америка.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И без збор се завртел и сепак знаел дека Онисифор Мечкојад се оддалечува и се качува по камењарот над урнатиот манастир, оди кон никаде ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неколкумина пак биле собрани околу закланото воле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сета крв на заодот била собрана на нејзините млади усни за чија целивка и ѓаволот куц можел да се откаже од горештината на пеколот и да се пеплоса до врвот на опашот доколку таа би го зела в прегратки. Се потпирала со дланки на колковите и се нишала на нозе гледајќи го со накривена глава.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неочекувано, со чемерна шегобијност но зајакната со калапот на привидната осаменост, го прашала ја сака ли за жена и дали не ќе зажали што не се вратил во своето село.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Еднаш беше 'и скарал неколку деца, што биле собрани онде на крај селоно под едно дрво јаороо.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Бидејќи лоши многу биле децата, го удриле одземи старецот и беше му пукнала жолчта на часот.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)