Не било едно и не било еднаш...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Имено, оттогаш, откога бил еднаш запишан во тефтерот, истиот тој сон им се сонил уште на шест различни лица во различни времиња и секогаш се обистинувал.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Македонска сказна
Си бил еднаш еден народ
кој зборувал на многу јазици.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Си бил еднаш еден сигурен човек. 100% сигурен. Каков човек!
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)