бил (гл.) - жесток (прил.)

Касарните биле жестоко бомбардирани, опожарени, загинале илјадници јаничари, други илјадници биле убиени во другите делови на империјата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Погледнете ја политичката или дури медиска сцена: главно станува збор за протагонисти чијашто професионалност и компетенција биле жестоко идеолошки „издрилани” во крутиот социјалистички концепт, во монопартизмот; така што, едноставно, нивниот интелектуален или психолошки рефлекс во суштина не е демократски, иако истите тие луѓе се расфрлани по разни партии, приватни и парадржавни медии и фирми, обидувајќи се што поверодостојно да ја играат симулацијата наречена плурализам.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Околу 220 души биле жестоко мачени, десетина од нив убиени, над 500 затворени а 300 избегале во Бугарија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)