Мелодрама
Не, доволни се двајца
нема место за повеќе
и кога би можеле да го измениме
и кога праведно би го поделиле
Имотов, секому
на три, на два, на еден
не би било исто
ни делот, ни целоста
ја имаме
сите ние со празни раце
ништо немаме
штом пасијата стане посесија
геометриска прогресија
- хаос.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Веројатно би било исто и сто пати да ги врати!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Гемиџиите, концентрирајќи ја својата дејност речиси исклучиво во Солун, сакале-нејќеле биле принудени да одржуваат некакви односи со Централниот комитет на Македонската револуционерна организација, чие седиште било исто така во Солун.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Би било исто и со радоста, и со една бесмислена радост, која продолжува да поигрува низ тебе по секој успешен лов, мислеше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мирот што би бил навистина траен, би бил исто што и постојаната војна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)