бил (гл.) - повеќе (прил.)

Во гимназијата и на универзитетот Хегел не покажувал никакви знаци на исклучителни способности, бил повеќе прилежен и уреден колку што обдарен, и по се изгледало дека ќе стане еден од просечните доценти на некој од многубројните немски универзитети.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Кога првпат ја добив на телефон, ѝ требаше минута молк за да се присети дека некогаш воопшто била „удата за тог господина“, зашто бракот бил повеќе мување и траел помалку од еден месец!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Господи, се прашувале, со каква молитва се издига ѕид помеѓу злото и сиромаштијата?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Којзнае не ли ѝ се чудел на глупавата селска тврдоглавост на тие луѓе со свои еднострани реформи и дејствувања за поткопување на темелите и сигурноста на неговиот поредок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но ако бил повеќе загрижен за коњите, 'ртовите, пауните и билбилите во сарајот со мраморни шадрвани, слушал меланхолична песна на една од своите пребели жени и ги заборавал човечките патила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со разденувањето стравот се распливнувал. Луѓето ги криеле очите еден од друг и биле повеќе неми отколку решени да го признаат ноќниот пораз.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ване ја турна портата со нога, но таа толку лесно се отвори што не издаде никаков звук, па дури ни како кога нокот загребува по коска - како да била повеќе отворена одошто затворена.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Гестот бил повеќе формален отколку суштински, велат дури и бил симулиран од двајцата турски водачи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Знам, - рече Васе насмевнато. - Ти секогаш брзаш... Добро би било повеќе да размислуваш... И учителот тоа ти го рече...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во името на „класната борба” човекот никогаш не бил повеќе понижуван.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)