бил (гл.) - погрешно (прил.)

На мал простор од овој роман, благодарение на вешто водените наративни стратегии кои ги користат искуствата на традиционалниот и постмодерниот роман, се покренуваат некои од клучните теми одбрани од корпусот на интересирање на балканскиот човек кому типолошките карактеристики на ликовите и на ситуационите модели по мерката на препознавање му се најблиски, но би било погрешно да се разбере Бунар само како водич за балкански менталитет и да се чита како што се читаат Андиќевите дела за да се разберат причините за балканските судири.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Би било погрешно, како и во случајот на секое друго сериозно дело, да се оди по трагите на можните значења, туку треба да се следи текот на самата приказна, од која се формираат тие значења, често противречни како и самата таа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Произлезе дека секој мој потег, секое мое движење, секој мој збор, биле погрешно сфатени.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)