Како тој самиот и ковчегот и земјата сега да станале нешто друго, што не биле порано, пред неговата смрт.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
И прво што старецот забележа беше тоа дека тој може со помош на некој чуден, необично- тежок, но можен напор, да излезе од ковчегот и од таа земја.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во тој момент ја сакаше далеку повеќе отколку кога било порано, додека беа заедно и слободни.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
По еден месец ѝ се јави од Италија. Ѝ пишуваше дека е здрав и жив и дека со некој си другар што биле порано во интернатот, ја минал кришум границата и дека сега се наоѓа во привремен логор, во кој ќе помине извесно време, а потоа ќе замине за Америка.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ударот на Отец Симеон беше удар на човек што до тој миг долго бегал од себе за да стане сега повеќе она што бил отколку што бил порано, некогаш, кога удирал како сега.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тој сфати дека таа во него гледа нешто повеќе одошто бил порано и дека поради тоа се смета недостојна да си игра со него.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)