Реално гледано, Хабермасовиот идеал на „еден вид општествен дискурс којшто, далеку од тоа да претпоставува еднаквост на статусот, целосно го занемарува статусот“, никогаш не ни бил целосно реализирани.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Како што посочува Келнер, „сомнително е дали демократските процеси некогаш биле поттикнувани од нормите на рационалноста или јавното мислење формирано преку рационална дебата и консензус до степенот стилизиран во Хабермасовиот концепт на буржоаската јавна сфера“. 104 Понатаму, неговиот модел е високо универзализиран, заснован врз западните буржоаски општества.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
До средината на VII век, Балканскиот Полуостров бил целосно населен со Словени.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Но и називот ориентализми не би бил целосно точен се надоврза Камилски зашто сите зборови дојдени во нашите јазици од турскиот/преку турскиот не потекнуваат од таканаречените ориентални јазици, односно од арапскиот и од персискиот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Според она што тој можел да го забележи областите низ кои поминувале биле целосно опустошени, многу села биле запалени и целата храна и облека била земена од страна на Бугарите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
167 За време на својот престој тој забележал дека македонските села Грците ги именуваат како “бугарски“, дека под режимот на Метаксас македонскиот јазик бил целосно забранет, и според него, било “многу тешко да се процени односот меѓу македонското и грчкото население во областа северно од Солун, но судејќи според јазикот кој се зборува, јас би рекол дека доминираат Грците“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
“ Резултатот од таа промена во застапеноста во масовните медиуми, тврди Саливан, бил целосно спојување на стрејт-светот и на геј-светот, како и нова фузија помеѓу стрејт-културата и геј-културата, при што на вторава сега ѝ се губат оцртите и посебноста:
Ако сликата за геј-мажите за мојата генерација беше собрана од филмот „Крузинг“ (Cruising) или, потоа, од „Сентиш трилогија“ (Torch Song Trilogy), сликата за наредната генерација се „Вистински свет“ од Ем-ти-ви, „Настрано окце“ од Браво и Ричард Хач како победува во првиот серијал на „Преживеани“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)