— Море зошчо си се арчил толку, свети Јоване, шо токо а ружаш „бабата" неоти на танецот ќе се вати? — забележува Брле и му благодари за направениот трошок.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Ти благодарам за овој прекрасен концерт.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
- Благодарам за искреноста. А верувам така беше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Бескрајно ти благодарам додека ми велиш дека меѓу сонот и реалноста имало само едно влакно.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Сега, конечно, се спуштам во реалноста, и ти благодарам за тоа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
На Венко му благодарам за указанието, охрабрувањето и вербата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Благодарам за чантата. - Догледање, - реков јас и тргнав полека по скалите.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
И колку и да беа гладни, или колку и да беше студено, малите колибрија го одбележуваа својот дел од храната со срцепорачки откршувања на мали парченца, како да сакаа да кажат мало благодарам за големиот извор на нивната гозба крај прозорецот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Авторот му возврати задржувајќи го својот поглед кон него и со пријателска насмевка му рече: „Ти благодарам за довербата...“ ***
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Мирко Мики Видоески, ти благодарам за книгата што ми ја подари.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ти благодарам за тоа. Те прегрнува и те бакнува првиот и последен од гемиџиите, од самооткажаните. Твојот Орце“
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ќе знаев како изгледав кога најдов во синиот омот педесет илјади и писмо - „Верувам во твојата дискреција и благодарам за услугата, М.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
- Ти благодарам за јагодите. Убави беа! - рече Елена. - Ќе ти наберам пак. Сакаш веднаш? - Не.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
В сабота ќе дојдам да ми ги сменат крпиве. А тебе, малечко, ти благодарам за прикаската.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Благодарам за подарокот, - се потруди да биде љубезна, - а на штосе должи оваа твоја, ако смеам да забележам, ненајавена посета?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ти благодарам за ова, Нероден Петко. Многу, многу ти благодарам.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
„Јас многу ви благодарам за поканата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Колешки и еден колега“ особено нагласи директорката, „многу ви благодарам за вложениот труд и вонредните напори за афирмација на нашето училиште.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Ви благодарам за помошта, докторе. Да се ракуваме.“ „Ќе ми биде мило.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)