блуе (гл.) - оган (имн.)

Маја Како ли блуеше оган во нашето море; млада миризлива струготина, сирова болност во премалата светликавост на сините листови.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Возовите. Тие секогаш брзаат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Татнат возови. Блуваат оган и чад. Брзаат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Замислено гледаше во пејсажот, копнеејќи по некоја глетка - изненадување: змеј што блуе оган во низок лет над нивите, пуфкајќи чад и притоа испишувајќи го на небото нејзиното име, или автостопер вонземјанин, со антени и влажни стаклени очи што на чист македонски бара превоз до најблиската бензинска пумпа, не заради горивото туку затоа што му се пријале Квики-гриц.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Кој денес сака да чита луди фантазирања за свет, во којшто луѓето влегуваат во вселенски бродови како во конзерви и шибаат низ вселената, за да пристигнат на Месечината, каде што ги пречекуваат шестоглави суштества со боја на аметист, што блујат оган?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)