Затоа тој не се брзаше со работата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој брзаше со смрзнати раце и со насолзени очи кога ја здогледа на околу десет метри од себе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Стој бре ќерата, каде си се забрзал! - викна едниот од аскерот наоружани до заби, небаре Петар брзаше, како може да се брза со толкав товар? - Добро, добро еве застанав...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Центрифугирање Кога ќе те стигне зимата на крајот од уличката, немој да брзаш со изненадувањето.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Ти знаеш дека татко ти е сталожен, сериозен човек и нема да брза со која било да се ожени.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Брзам со овој илегалец (несомнено тоа е) и сакам да не го слушам тој плач.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Не брзај со осудата за мене, пред да чуеш сѐ, зашто знам дека ќе ме осудуваш најстрого, како што се осудува жена што си го предава мажот“.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Излегуваше дека нејзината одлука да остане подолго во Долнец, го засилува фактот што нема некој силен мотив да брза со враќање дома, во градот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Иако на моменти мислеше дека треба да постапи обратно - да не брза со разводот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Брзавме со Бешир кон Картагина. Палестинското прашање стануваше приоритетно за САД, Франција, неврзаните земји!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)