Аргументите што ги изложив неодамна против идеите на Бојс (1) и од коишто денес многу малку би одзела, сами од себе се распаѓаат во мигот кога тие идеи се потиснати во втор план (како да се работи за грешки од младоста?) и кога во прв план испливува грижата за јасноста на делото.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во тој случај, ако Бојс бил, како што вели печатот, „контроверзен уметник“, тешко е да се замисли дека тој сѐ уште може да биде контроверзен со една изложба која вешто го стопува она што е различно, а суптилно го брише она што дава место за дискусија. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 83
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Се чини како оној најслушаниот Бојс кој исчезна низ прозорецот да се вратил низ рамките и присуствува на оваа изложба, Бојс-дијалектичар и оратор-бранител, Бојс на перформансите и екологист- кандидат на европските избори, оној кој ја подржуваше идејата “секој човек е уметник”, оној чија концепција за проширена уметност немаше ништо заедничко со “таканаречените пластични дарови”; се чини како тој, Бојс, теозоф и гуру, да се обраќа до ѕидовите, но само со неколку зборови педагошко резиме.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)