брка (гл.) - друг (прид.)

Станува збор за расказот „Шуга“ во кој вели: „Тоа е една многу стара игра во која детето што нема среќа, ги брка другите деца обидувајќи се да ги допре.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И бркам други работи, ја израмнувам мојата Република со Европа така што вода да тече и наваму но и колку што може повеќе натаму.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ете што ме најде сега, викам, лелекам и ги бркам другите деца да не ѝ се доближуваат на Роса, да не се префатат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)