Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Се буди сиот растреперен и во пот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Каска Богдан на раце и на нозе колку што може и се буди сиот испотен; ѕирка пак низ прозорецот како што пред малку ѕиркаше но гледа сега сосем расонет.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Затоа, кога ќе легне Богуле да спие, таа крај креветот му става корито со вода, и кога ќе стане, цапнува Богуле во него и се буди сиот исплашен.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)