Разнообразноста на фасадите, креативноста со којашто беа правени му причинуваше естетско доживување и му го будеше сеќавањето на Битола, пред да почне да биде нагрдувана, во времето кога дојде тука да заврши гимназиско образование.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Зарем не е доволно што будат сеќавања, враќаат дома, зближуваат, смируваат, ја тераат душата да се радува ем тагува, срцето да заквичи ко осамена ластовичка и телото да чувствува дека некој чека во долгите зимски студени ноќи, дека некој е блиску на дофат, а толку далеку...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Еден глас само, меѓу сите други, може да вознемири: тоа изоче, утрово што слетало на твојот прозорец, та тропа, та пее па гласот негов во тебе буди сеќавање на тешки понижувања и бол: едно тоа само, изочено знае, залудно и со денови како се мачело колвејќи да го одврзе јазолот заврзани меѓу железните шипки и пролетта.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)