Ако не дадат, нема да се кокорат кај мариовките, — го убедува Митре Раифа и уште на кинисување завитка две мартинки во сакмата и му ги товари на куцото магаре, та ги однесе во Градешница.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— А бре, ако сакаат да имаат добри пушки, ќе дадат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— А велиш, по две лири за мартинка и по лира за кокинка ќе дадат? — поомекна Раиф и веќе си замисли педесетина лирички во ќесето за продадените педесетина мартинки, што ќе ги купи од Остречани по лира, а Митре ќе му ги плати по две, та дури и во таа „трговија" ја виде и помошта на валијата и падишахот, оти христијаните сами меѓу себе ќе си ги вадат очите и ќе се тепаат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Токо, тие нека си и вадат очите, па ако сакаат и нека се истепаат, ами ние да си земиме по некоа паричка кога има будали — го кандисува Гуле Раифа и одвај чека да го слушне понатака.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Зар секој брат треба да го пуштам да ми ги вади очите?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ти остави твојте коски пo високи планини, Што долета црно орле преко нашата земја, то сакаше да му вади очите no главата.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Пуштите ги државите, нека си ги вадат очите меѓу себе.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
14 Сеедно дали се свои или туѓи Некои соништа натежнуваат и претежнуваат од историја И тие соништа по правило се најкошмарни Џимкањата во нив се најбучни А клуч за нивна одгатка ретко се наоѓа Иако во последно време прилично напредна Археологијата на соновите како една нова И прилично конјунктурна научна дисциплина Особено бурни сонувачи на секаква историја Се балканските народи кои уште си вадат очи за минатото Тие понекогаш сонуваат исти сонови А неволјите настануваат кога сите сакаат Да имаат тапија на еден ист сон И нема господ кој може да го разврзе тој јазол од пет-шест исти сонови
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Луѓето си ги вадат очите едни на други, а од ист народ и од иста вера се.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)