Пукна глас дека некој од неговата дружина, или цела таа, за да го ограби, го суредила, па властите се вдадоа во потера по нив, по другарите Хаџи Ташкуви, па така Потковицата, што се вели, со едно мавнување се ослободи од две зла, од Хаџи Ташку и од неговата дружина...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Девојките се вдадоа во бегство, но од другата страна ги пречека нов рафал.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се вдадоа во бегство.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Значи на непријателот да му се одземе иницијативата да се вдаде во јуриш и да ги гони нашите единици, а да се добие впечаток дека ние одиме во јуриш.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Татко се вдаде во деноноќно читање на книгите, како некогаш во неговото кадиско време, кога читаше многу книги, а често ги прелистуваше и големите свети книги, за да го најде вистинското и правично мислење, односно пресуда, дури со потврда од Бога.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но не можеше да му одолее на предизвикот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски се вдаде во проучување на историјата на кинескиот порцелан, небаре заборавајќи дека го очекуваа и други зборови со слична или со уште покомплицирана историја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И Татко се вдаде во потрага по своите источни книги и ракописи за искуствата на чистењето на јазиците од туѓите зборови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Една група мажи отаде купот земја беа вдадени во разговор за цената на печурките вргањ, суви по толку килото, сурови по олку, некој вели се исплаќа, некој не се исплаќа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Су, со погледот кренат нагоре, со дланките стегнати врз шанкот, го повтори изразот во себе шепотејќи со усните, откривајќи ја убавата низа заби во устата од коишто Едо не можеше да го тргне погледот и потоа се вдаде во Еда: „Што ќе порачате?“ го праша по нашински Еда, а не Марка, како да ќе го чести.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Секако овој војник е вдаден во некоја своја мисла, сосема туѓа на службената секојдневност.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ленче си го имаше муабетот со јатрвата оставајќи ги прво децата да се видат, па подоцна се упати накај внучето, додека мажите сите се вдадоа во бурни разговори на политички и економски теми.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Еден по еден, стоејќи во редица, се запишувавме доброволно.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Една од мајките, беше облечена во црно, ја фати за рамената и, откако ја седна и се вдаде в лице: “Молк, скитничке!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И сега двајцата цариници се вдале во контрола.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А селаните, на кои им се придружив, гонети од уплавот што ги споплати и од викањата на коњаниците кои со закана тераа на бегање, набрзина собираа покривачи, веленциња, пљачки, нешто од храната што ја имаа, товареа на запрежни коли, на магариња (коњите и мазгите беа собрани од партизаните ), на грб и рамо нарамија вреќи и дисаги со се што можеа да земат од дома и, терајќи пред себе говеда, овци и кози, се вдадоа во бегство.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Предизвикот не го прифатив и отчекорив. Мажлето – цариник се вдаде во контрола.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Со ракавот ја избришав потта од челото и лицето и одново се вдадов во стружење се додека не го истружав слојот до последната буква, која е првата во паролата што тука, под трите слоеви вар, чмаеше цели шеесет години.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Луѓето со најголема готовност нетрпеливо чекаа што поскоро да чујат што треба да направат и ненаситно да се вдадат во секаква работа заради некоја иднина каква што тие воопшто немаа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И еве сега, овој Рус од големите далечини со својата судбина уште еднаш силно ги разбрани татковите мисли, надежи уште посилно да се вдаде во следење на патот на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Со невиден ентузијазам се вдаде во херојска работа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)