Тие актери и режисери, а јас најмногу сум се вдлабил во работата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Долгнавест муаџир со бербатна чалма несмасно навиткана, длабоко изгравиран со дебели нечисти брчки и со очи толку вдлабени во главата, та личеа на дупки во коишто одвреме-навреме проблеснуваа само белките, со лице исушено, глуждесто и аглесто, пушташе необични лаги, та оние што се тискаа околу него самодоверливо потврдуваа со главите или со поглед, верувајќи или сакајќи да веруваат во тоа што беше само убава измислица и мечта.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Го слушаше во ноќта на заминувањето на јагулите својот нов пријател од руските далнини како се вдлабува во описот на преобразбата на јагулите, не престанувајќи да мисли на сличната судбина на луѓето во егзил.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Вдлабен во една книга тој ја оставаше да ја чита подоцна, но набргу ја забораваше, и така во недоглед.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во авлијата два вековни чинари фрлаа дебели сенки врз сметената калдрма, а црквата беше в чело, вдлабена во гранитната карпа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И Татко имаше слушано за предвидувањата на времето според Макавеите, но никогаш не се вдлабил во нивните пораки.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)