Всушност, јас сметам дека традиционалната врска помеѓу науката и терапијата е една од оние идеи кои ги хендикепираат терапевтите, теоретичарите, истражувачите како и клиентите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Подготвен сум да се обложам дека многу од вас си велат себеси дека го познаваат сопствениот јазик.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Родителите и децата не ги учат децата како да бидат геј онака како што ги учат да бидат Американци. (Иако понекогаш децата ги учат како да бидат стрејт на начини што толку силно им се удираат од глава што слободно може да се каже дека, всушност, ги учат децата како да бидат геј).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Повеќето други општествени групи – било малцинските групи како што се Афроамериканците, било мнозинските групи, како што се Американците без предзнак – се иницираат во своите култури и дома и на училиште, како и преку телевизијата и преку филмовите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, тие се склони погрешно да ги препознаваат или да ги одрекуваат видовите на културни практики во кои се впуштаат и ефектите што ги предизвикуваат тие културни практики.357 Хетеросексуалците обично не си велат себеси дека, кога гледаат филм како Титаник, всушност, се дале на иницијација во културата на хетеросексуалноста, на воведување во една многу конкретна идеологија за романтичната љубов како извор на спасение и во буквално катастрофален модел на женствениот родов идентитет како некаква несреќна состојба од која треба спас („ме спаси, во секоја смисла во која може да се спаси човек“).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, всушност, го прават токму тоа.358
Токму затоа што општествената репродукција на машката геј-култура не се врши од страна на главнотековните општествени институции – чие дејствување како средства за културна иницијација и понатаму е невидливо и незабележано затоа што е толку очигледно – машката геј-акултурација и натаму е таинствена работа, особено кога изгледа дека во голема мера е завршена, или дека е барем во одмината фаза, во некој миг од раното детство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Јас бев ужаснат од Него доколку тој постоеше, и исто така ужаснат доколку не постоеше.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Си велев себеси дека сето ова е човечко расудување: дека Бог, доколку постои, мора да биде бескрајно зад безначајните проекции на моето идеализирано сфаќање за моите сопствени идеали.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
- Овој филм често се дава во Париз и понекогаш се случува да го гледам и двапати неделно; секој пат си велам себеси: бидејќи го знам на памет, нема да ја следам приказната, ќе го следам возот во филмот... дали возот се движи... какви се рир-проекциите... дали камерата се движи во ентериерот на купето, и секој пат сум обземен од личностите и заплетот така што сè уште не знам како е направен филмот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)