вели (гл.) - татко (имн.)

Арно ама ќерка му ич слуша тоа што је велел татко је и мајка је, кога работеле од момчето умот и к'сметот?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Или него, татко, ќе ми го земиш - му рекла - или ќе се отрујам и друго чаре не бидуат!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Гледај ваму, ми вели татко, ова е даб благун и тој има најмногу срцевина за спици, за бочви и за качиња и да знаеш за отсега, ми вели, рапавиот даб е само за јаглен и за греење, а царевиот даб е за ништо, вели, оти нема срце и брзо скапува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Чинела дојди мечката на потокот, велеше татко, да се напие вода или да се искапи, велеше, а крмакот ќе се затрча и ќе ја шибне одзади со секачите, со 'рпалата и мечката ќе рипне, велеше, ќе почне да бега, ама дека нема многу време за бегање, велеше, ќе се качи на една бука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Платица е, бре Давиде, му вели татко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не сакам да одам непроменет, вели татко, не сакам кај господ со турски алишта, вели и лежи на гола рогузина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не го родив за да не знае, вели татко, мора да имам нешто згрешено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Платица е, бре, платно да ти застане на очите, му вели татко, кај може од платица да стане плужица?!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ќе го продавам детето, вели татко, не знае да делка, вели, и не го сакам за роднина, - Не карај го детето, велат луѓето, туку неговото незнаење карај го, му велат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Кај гледаш плужица, му вели татко, ова е платица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Крмакот ќе ја убие мечката, а ловецот ќе го застрела крмакот, и така со два улова ќе се врати дома, велеше татко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Мајката, значи мора да имам нешто згрешено во правењето, вели татко, мора да сум погрешил нешто во правењето, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да се уништи една библиотека, му велеше Татко на Камилски гордо загледан во своите книги, значи да ја замолкнеш историјата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Умниот човек, велеше Татко, умее да ја потчини фаталноста, како што тоа му успева на морнарот среде разбранетото море, без оглед од каде дува ветерот, да ја одржи пловидбата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додуша, секогаш сито, ама што му го знаеш? Нели така велеше татко му?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Каде и да одиме, велеше Татко, ќе ја следиме судбината по текот на водите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Ви благодарам на љубезноста!“, вели татко ти и чепка со ноктот пред себе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Васј секогаш постапува онака како што треба. Многу ѝ благодарам“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Како да не паметам“, вели татко ти, "таму сигурно ја поарчив трубата што си ја закачил на шофершајбната.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога некој ќе ме праша, јас секогаш велам дозволјају, инаку, ако не ме праша, оставам да го прави она што е најумно за него“. „Умњица“, вели татко ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Непријатен му е разговорот, а можеби и самото присуство на Иван Степанович, или го сепна она дозволјају што и мене не ме одмина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Нека останат тие петстотини, му вели татко ти - зашто ако се фатиш со старата, секој ден и за секој изговорен збор ќе ѝ бараш да плаќа казна... - одново удри смеа, а Мита, кикотејќи се гласно, праша: - Како му рече баба ти на судијата? ...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ама, како што велеше татко ми – секогаш бевме, вели коњоводци и на офицерите им ги перевме посраните гаќи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не молчам, вели татко, сакам да пеам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— И времево е курва, вели татко, и пак го живееме, и Богородица била курва и пак ѝ се молиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Е сега, зошто не научил баш сѐ, па може на раат да помине одличен, а не да се бори да поправи некоја оценка “во пет до дванаесет”, како што вели татко ми, не знам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)