- Не викај, вели. - Ќе викам, велам сега јас ќе викам сите да чујат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тука го препозна Трајка дека тој го удри по глава кога му влегоа во конакот да ја спасуваат Анѓа и уште толку го зацврсти решението него да го осуди на смрт и со тоа да се одмазди за сето она што му го направија Мариовците за овие дваесет и седум години борба. – Што велиш сега, Анѓо?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Толе се охрабрува. - А имате ли... поле? - Немаме... – вели сега Зоки. - Ете, гледаш?
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Сам, си велеше сега, гушејќи се од таа смеа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Отиде Иљо и по две недели си дојде и рече дека стаса во Дуреси – град и го најде местото каде беа дечките и дека само ноќе и скришум едно два-трипати се виде со Евгенија, која беше најстарата жена одговорна за децата, негователка, како што се вели сега за жените кои се грижат за децата и дека таа му рече оти сите деца се живи и здрави, сите се испрани, чисти, нахранети и мајките и татковците и бабите и дедовците, да се живи и здрави, да не се грижат и да не берат гајле и од сите до сите таа прати многу многу поздрави.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Којзнае кај ни скита чупето, си велат сега дома, којзнае кај му ѕемнат ножињата, прстињата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)