Но кој можеше да му верува нему таков, скудоумник и силник, дека се сожалил на некого туѓ, и згора на тоа старец.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Не му верувам нему, велам, ама верувам во Маса Кулумоска. Кога може будали да лекува, многу полесно ѝ е за умни, велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)