Оти Бог е во нас; оној кој не верува во себе, не верува ни во Бога што е населен во него.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Лажев дека сум поинаков од другите, не заради нив туку заради себе. Но во тоа не верував ни трезен ни пијан.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
ЕВДОКИЈА: Џабе Мане. Не ти верувам ни збор.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Но, Филозофот кажа точно слово за Пелазгиј, и јас, иако во тој миг го мразев, а го мразев оти гледаше низ нас и во нашите срца и утроби како да сме од стакло, знаев дека Пелазгиј не веруваше во себе, и дека затоа не можеше да верува ни во Бога.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)