Оптичарката во мигот помисли дека се работи за колекционер на лупи, а Сотир Паскали во овој гест виде некаква самоутеха за неизвршената операција чија смисла можеше да ја знае само самиот Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во следниот момент виде некаков голем вулкан во ерупција кој поради стрмнината на падините заличуваше на пенис.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Хаику е јапонска поема што се состои од 17 слогови - или минипоема ако сакате - и кога човек ќе ја прочита или слушне обично тоа во него евоцира некакви чувства како на пример кога помирисал роза, или видел некаква птица на небото.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Тоа само му било мака, што не можел да види некаков пат и да види некоја човечка трага.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ветрот ни ја оддува од клепки пајажината на сонот и избриша дел мрак пред нас.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Најпрвин видов некакви пузиња, згрчени и со големи глави (тоа уште сонот ме измамуваше) и кога погледнав кај што гледаа сите, а гледаа кон последната кола, се зграпчив за грло од страв.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неговото живеење, барем дотогаш, ниту беше слушнало некогаш, ниту пак имаше видено некакви мириси.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Да зборуваме за нешто друго... Што правевте вчера во Скадар, кај отидовте со толкава љубопитност за да видите некакви турбини со своите очи?“ „Ништо“ рече инженерот. „Освен што фрлив поглед на некои сомнителни работи околу браната, сето друго време го минав барајќи една кула.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„- Какво прашање“ рамнодушно одговори младиот Англичанец. „Мајка ми е убава, дотерана, цврста како челик. Што да ви кажам уште? Кога излегувам со неа, мислат дека сум ѝ помлад брат.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)