Утрина рано ќе го дожниеме тоа што ни остана, ќе видиме некого да го оставиме за говедана да ги има на мукает и да ги рани, и ќе одиме.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Сака да види некого. Од домашните.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Сите што настојуваа да заминат на таа страна за која ти си навивал ги погребаа - го поучуваше Чауле поткусеното човече. – Или народски речено отидоа јабана.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Зошто да ме погребат? - човечето најнапред го прашуваше Чауле а потоа дотрча и кај Мајката. - Имаш видено некого жив да погребаат?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)