Ден шести: Дојде човекот со здив на битие сочинет од сè она горе и сè она долу Ден седми: Бог го виде сето тоа И, прекрстувајќи ги рацете, рече: Нека биде вистина, вечна вистина зашто само едноставноста ме воскреснува.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Кај Афитос, пак приморско село, намерно свртевме по десната патека за да можеме по заобиколен пат да го видиме сиот остров, или полуостров.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во неговите зборови го виде сето знаење кое тој, Савле, сакаше да го поседува – Стефан зборуваше за Аврам, за Мојсеј, за историјата на неговиот народ, од збор до збор ги цитираше книгите на пророците, за на крајот да ги спомене Давида и Исаија и веднаш до нив Него – оној што го распнаа и за кого неукиот народ по улиците шепотеше дека е Месијата, Праведникот кој дошол како што било претскажано.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Е, мајсторе на играчки, кај си да го видиш сево ова!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Нема да одам јас, никогаш да го видам сето тоа...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ќе одам во Пасажот... улица Ришелје, улица Меил...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во тој пекол најпосле го видов сиот наш несреќен живот, војната, темните војски, познатите и непознатите мртви по полињата, по патиштата, по војничките камиони, покриени со шаторско крило, мислевме дека спијат, будали дечишта што крадевме бомби по војничките камиони; потоа пред очи ти е домот, тажната смрт на ѕвонарот, добрата мајка Верна Јаковлеска, стрикото Лентеноски, неколкуте ошумоглавени бегалци, татенцето, неговата црна судбина, другарката Оливера Срезоска, старо, несреќно девојче, нашите кутри учители и воспитувачи, Трифун Трифуноски, неговата болна, темна душа, благородна, светла, о, се колнам, тоа беше патот што водеше кон Сентерлевиот рид.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Го видов сето тоа... (...) К: ...
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Напрчено, со размавтани раце рипна врз спротивната клупа, небаре по јаже четирипати прошета врз заоблената штица од облегалката.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Чудно ни се виде сето тоа.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Се сеќавам дека со учителката многу игравме, а кога се изморивме и седнавме да си јадеме, кога ја одвиткав крпата - моето јадење го видов сето здробено: јајцата, и домат, и лебот - Леле, си извикав и се расплакав...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)