Да е видел господ, сака да одиме од градишчата да водиме жени, инаку нема чаре!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Испушти едно длабоко: „Ооф! Кај си, мори, сестрице Митро, загина, да е видел господ!“ — и ги собра сите сили за да се прибере.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во сандачето (тоа беше куферче) бенге зела од кај браќа си дветри кила компири, и кога ѝ кажа на Митра дека таа ќе го зготви петелот, ни со бонгур ни со ориз, ами со компири, оваа зина од чудо и за малку што не извикна: „Да е видел господ, кокошка со компири ќе ми готви ваа орјатка! Шо ни се чуло, ни се видело!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се позатаи малку да види дали уште ќе ја штрека половината и крстот и бидејќи сети леснина, се обрна кон Митра со наивен детински поглед и полна доверба како кон своја мајка или сестра: — Да е видел господ, слепела, сестрице Митро, ошче за влакно ќеше да скрша глава. Boa ти било проклетија од господ на жените, сестричко.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Да е видел господ син мајка да удави, дали се чуло и видело некаде! — писнаа и двете жени и одвај се искуба мајка му од неговите раце.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се слушна и од неговата мала врата грмење на неговото чифте, кое во стравот и брзината не го зеде со него, а на Мара беше и текнало, та кога ги слушна селските пушки и таа ги испразни двете цевки по ветер.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Де е видел господ, арамиите влегоа в село; бргуте, браќа, откинувајте ме од виа пци!...
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Да е видел господ загина на правди бога во оваа пустелиа! — се провикна тажно и ги затвори очите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Жими вера, ако не кажиш каде тој пезевенк ќе одерам тебе и ќе обесам овде на овој борот, да колваат орли и гарвани.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- „Што е, да видел господ, да правиш што не си правел!“ - се кара таа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
– „Шоана, али навистина е ова, али на соне; види сега и децана да ме познават и на име да ме викаат, чудна оваа работа ќе биде; ај да видиме Господ што ќе каже“, си велел сам во себе и влегол у човекот дома.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)