Прочитајте ја историската лекција и видете дел од предметите на неговата страница на интернет, а потоа испратете електронска порака за да закажете приватно разгледување на неговиот дом во Ноева Долина. LegendaryJoanCrawford.com174
Споредете го сето ова со освртот на стрејт-филмскиот критичар Дејвид Денби: „Мора ли да ја мразиме Џоан Крафорд?“175
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За тоа време Лилица лежеше помешечки (некој, дали тоа беше Андон или Азра? – таа не можеше да знае, силно, со сета тежина беше потпрен на нејзиниот лев бут) и со едвај отворени трепавици можеше на елипсастото огледало со масивна дрвена подлога на наткасната од креветот да види дел од лицето на Андон: неговите очи, замижани, силно стегнати во грч, неговата издолжена, кучешка муцка и широко отворената уста која како да сакаше да каже нешто многу, и нешто важно, но наспроти тоа таа беше само нем отвор низ кој се истушуваше нешто низ гркланот, а доаѓаше одоздола, од душата, од нешто што таа не можеше да го види на огледалото.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
5 Спиев ли? Најпрвин и првпат тогаш видов дел од јавач на коњ на манастирскиот ѕид, око, рака до лакот со дршка од недовршено копје во грч на жолти прсти и копито врз дамка на нешто што било иконописечки настан, имало историја на грев и пекол.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И се тргна на замрсеноста. Ја спушти оревовата поцрнета плоча во ковчегот од кој ја извади и стана премудар: го запозна минатото, виде дел од иднината, ќе молчи, господ ги определува за видовити, оние што знаат да ги чуваат неговите тајни.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Веќе не смеев да го минувам ридот и да го газам потокот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)