— Е, добро, добро, Мире. Шом е така работата, тогаш утре вечер ќе му го видиме есапот. Не ќе му текне ни на префнуци му да омирисаат наваки, а камо ли на синови му.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Илко се позадржа кај попот. — Mope, Ило, — му вели попот — лели ти сам дојде да ме поканиш, ајде да си ги видиме есапите овде, што да му главоболиме тамо на сете, да вадиш ќесе, да ти призра секој во него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Веднаш застана на место и му викна на Колета. — Запри а гајдата, бре побратиме, да си го видиме есапот со вој пес! — И сам го извади брчалото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)