Уката без добрина, без оној облак светлина што го видов првиот ден околу Филозофот е ука ѓаволска.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Очигледно, дури и тој не можеше да ги сокрие возбудата и тагата, да не се заниша кога ме виде првиот пат.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
„Што толку важно ти се случи, па не дојде?“, ќе праша и веќе следната недела ќе го видиш прв нацртан во дворот на црквата.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Таму го видов првото снесено јајце, првата заклана свиња и првото окозено јаре.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сега, ако сакаше сѐ да се сврши добро, мораше тој да го види прв.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)