До пред извесно време мене ми беше супер со Игбал.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тој пак, кога нѐ видел фатени за рака, долго време мислел дали да нѐ казни или да ни згази на рацете, на прстите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Многу мои врснички имаат, братучетка ми Калина неодамна ја видов фатена за рака со едно момче, Аделина – ќерка ѝ на тетка Марина, имала, како што самата вели „сто и еден” до сега, Лета на тетка Софија од скоро е „зацапана до уши”, а јас?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)