види (гл.) - порано (прил.)

Како сум можел, си реков, да не те видам порано?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сте го виделе порано, но погледајте го сега уште еднаш.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Некои работи не ѝ беа сосема јасни, оти како може некој што никогаш не си го видел порано одеднаш да ти стане Мајко Персо, а една тетка Пена која ем помагала за да се родиш, ем ти го измислила името, а останала само како тетка Пена!?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ване имаше впечаток како никогаш да не го видел порано, па се праша дали е тој воопшто оној познат Курназ.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Ги изнесе Мерлинките да му покажеш на Раушенберг како изгледаат слики од сито и тогаш тој побара од тебе да му го покажеш и останатото, бидејќи ништо Твое не видел порано.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Ако ги видиш порано, или ако ги видиш подоцна од вистинското време, тоа е полошо отколку да не си ги видел; затоа што, и да не ги видиш, тие живеат свој живот во тебе, со помош на твоите замислувања, или пак допрва ќе ги мечтаеш, и ќе им дадеш живот во себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И ако ги видиш прерано, или предоцна, како да си убил нешто во себе, нешто што дотогаш во тебе живеело, или нешто што допрва во тебе требало да се роди.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- „Го обрав бостанот! Да ги видев порано, ќе се скриев негде крај патот во трњето.“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Осми пеан: Битката со Пор Глас: Индија, Џунгла, влага, многу дожд ама таков дожд никој не видел порано.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
И Богуле ѕирка во клучот, го гледа и размислува каде ли го видел порано тој клуч.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)