види (гл.) - или (сврз.)

Властите испратија абер во Потковицата дека пребегале во Бугарија, но никој до денеска не се јавил да каже дека ги видел или дека слушнал од некого оти нашинците се најдуват таму, во Бугарија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како крадец побегна нигде трага не остави, дали блиски да си видиш или покривец нов ќе ткаеш.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Воопшто, сите тие со кои имав случај да се видам или да зборувам г.Станчев или не го знаеја или лошо се одзиваа за него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Никогаш порано не беше видел или замислил жена од Партијата со козметика врз лицето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И навистина никој не памети да го видел или чул Аргира, да пофали некого или да каже барем еден добар збор по свршената работа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не сакавме да размислуваме за не-веројатноста, за тоа дека можеби и ќе се најдеме во некој воз но дека тоа нема да биде доволно бидејќи овојпат нема да смее да се прекрши она што однапред ќе биде одредено; ја замолив да не мисли, само метрото нека си оди, и никако да не плаче во текот на тие две недели додека јас ќе ја барам; без збор е договорено дека доколку рокот истекне а ние не успееме да се видиме или дури и ако се видиме но само додека не нè раздвојат два различни ходници, веќе нема да има смисла враќањето во кафулето, портата на нејзината зграда.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во секој случај, додека јас не знаев дали нешто видов или не, со сигурност знам дека таму некаде отаде каде што се појави онаа толпа народ со извици, транспаренти и знамиња закркореа машинки и митралези...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Зашто ако макар еден го види или сонце го огрее, Господ во него, кога ќе го помолиме, нема да ни дојде. Така да знаеш.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Таа, навистина, личела на остарен ангел, но таквиот ангел не можела да го види или не сакала да го види.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но двата гаврана, кои не можеа да се видат или слушнат цели две седмици, сега се вратија со две пискливи и неразвиени гавранчиња.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа можеше уште да му бега, но кога виде или просто почувствува дека нема никого наоколу, му се даде на Еда така да ја стигне што му се најде во прегратката, стегната со своите штутуку пркнати цициња во неговите како камен тврди гради.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
МАРА: Така е, сестро златна. Еден ден ако не го видиш или не чуеш како е, веднаш умот на пусто лошо ќе ти појде.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Откога ќе го види или почувствува лошото, тој го осознава, ги определува, границите на своите способности за откривање себеси.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Беше очигледно дека сѐ уште е под впечаток на она што можеби го видел или му се причинило дека го видел.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)