Се засрамив како да сум направила нешто лошо.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Нешто му мирисаше на убаво. Тој ја отвори рерната на електричниот шпорет, да види дали таму нешто не се пече.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
- Ајде, оди таму кажи им на другите деца и не прашувај многу, - ми рече чичкото што чучеше на земја и затресе еден шраф со раката да види дали е добро зацврстен.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ќе најдам, ќе најдам, овде мора да има нешто толку долго и толку дебело што ќе стигне до горната плоча па после ќе видиме дали сам ќе се шириш!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Станав и излегов да видам дали осамнало.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)