- Што рече? - му се обрати Нумо. - Гледај горе, на свијокот... Кој пат ли по светлината ги броиме камионите?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Татко ми, дедо ми, предедо ми, ако се викале поради недоразбирање Бугари, тоа уште не значи оти и јас треба да сум како нив во мрак за мојата народност; ако се викале тие Бугари, тоа не значи оти ние ќе треба да престанеме да им веруваме на Русите за атер на разни Стамболовци и Свирчовци, наместо заедно со нашата пролеана крв ние да си го бараме правото од каде што треба, да допуштиме да ни се бркаат во работите луѓе што и самите не знаат што бараат; ако се викале моите дедовци Бугари, уште не значи дека јас имам право да ги експлоатирам македонските интереси со издавање весници, кои наместо да ги бранат интересите на нашиот народ – ги бранат бугарските и интересите на бугарскиот кнез.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Клисарот Нестор им велеше: - Нека биде што сака... Само да не дојде до полошо... - Не коби... - му викаа тие.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Господару! Господару! Децата ги берат и гранчињата! -викаа тие. - Што? Гранчињата! - грмна Мегалон.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
„На Вичо непријателот нема да помине“, - викаат тие.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Нема тоа повеќе да го правиме, само врати ни ги, - викаат тие.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)