14. По два дена ме викнаа од рецепција: имате посета!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Да оставиме малку и за ужина, му велам на Јон за да не викнам од болка. Маштеница има малку, велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Турчето држеше во раката камшик и со крајот кога ме опаша сум викнал од болка: Еј човеку, ме утепа.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
— Добровечер, Суло ага! — викна од врата Калешко, кој не еднаш му бил гостин на Сулиман-ага во Лагот и му испил некоја и друга ока ракија.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Наскоро Евто викна од чатијата: - Танејце, Танејце! Готова ли е ужината?
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Војникот, неочекувано, ги викна од првиот балкон.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Еј, млекаџи, млекаџи -викна од зад портата една була. Трајче се доближи до портата, булата, скриена зад портата го покажа тенџерето, со парите внатре, и рече: - Вер бир кило!*
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Тутун и во него е водичот за султанскиот харем. - Хашиш! - скоро викна од изненадување Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)