Камилски најпрвин ги извлече од речниците заемките за означување поголеми или помали градови како: касаба (со потекло од арапски, casaba), заемка присутна во сите балкански јазици); паланка (од унгарско потекло во турскиот).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски потоа утврди дека од урбаните средини влијанието се распространува и во руралните предели каде што турските лексички елементи ќе влегуваат од втора рака, но и натаму дури и до денешни дни ќе се чувствува нивното присуство и влијание.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Никогаш не ја заборавив сликата на разиграните дервиши како занесено до транс играа и скокаа, бодејќи се на крајот со долги и тенки куки кои влегуваа од едниот, а излегуваа од другиот образ.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Го спичкавме Лондон влегувајќи од такси во бар, па во такси до една случка па друга па трета па до гаражата за на крај да го кренеме во воздух Essex Road во три сабајле.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Подоцна, не можеме да престанеме со зуење; не можеме да седиме мирно; нема да верувате колку бевме откачени; мастиките ги џвакавме толку брзо што ни се растопија во уста.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
СИМКА: (Влегува од дворот со осум другарки, повикани од Стојчета за свршувачка.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Додо, јас и неколцина востаници – тоа бевме нели? – влеговме од одајата во друга одаја, помала, и без двоумење уништивме неколку табли со разнобојни копчиња, преку кои, најверојатно, човечецот во антерија од чоја управувал со механизмот.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И подоцна – куќата што воздивнува, луѓето од Шумшул- град и џуџестиот Жеро Жерав.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И, во светлината што влегува од трикрилниот прозорец, го распознавам Никифор Абазовски.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Макар што кај сиромашните семејства стравот влегува од едната, а излегува од другата врата, нас речиси однапред нѐ поразуваше помислата дека некој може да ни ги одземе, да ни ги убие козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Чекори внимателно доктор Сашко Кедев како кога се влегува од една во друга празнина откако ќе се почувствува моќта на возвишеното.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)