Влезе еднаш во неговата врата, онаков русокос, извишен, сиот еден ластер, влезе сосема бесшумно и со една попуста желба никому да не му падне в очи, бидејќи имаше една таква ѕвезда, крај која не можеше да се помине, а да не се забележи, бидејќи сите се свртуваа по него, нешто ги принудуваше да се свртат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Куќите што се потпираа врз ѕидовите на гимназијата беа стари, неугледни, сиви: ниедна од нив не беше таа толку таинствена куќа во која влеговме еднаш во деновите со магла.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)