Погледнав низ прозорецот. Татковците ги влечеа своите дечиња на санки.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Теоретско-практичниот ангажман мора да се растовари од оној преземен мандат - историското легитимирање на критиката - кој ги влече своите корени од свенатата традиција на просветителството.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во опасна близина на цензурата систематски беше кастрирана.“
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
(6) Да се демистифицира алибито на делото на Duchamp за да можеме да го потврдиме неговото вистинско место, и во исто време, можеби, да се соголи она алиас на неговата личност, за да можеме да го идентификуваме со она што тој бил, тоа исто така значи да се запрашаме: од каде ова дело ја влече својата оригиналност, од каде неговиот автор ја црпе својата посебност, со други зборови, од каде така изразен прекин помеѓу тоа дело и традицијата на оние групи што создаваат иста уметност во исто време, така што ова од каде станува токму она место каде што ова дело престанува да биде оригинално за да стане изведено од некој извор, при што веќе не покажува обележја на апсолутен прекин со традицијата во внатрешноста на едно релативизирано време кое еднаш беше негово, туку на една релативистичка традиција на прекин во едно апсолутно време - времето на Историјата.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Или тоа ветрот- виолинчелист го влече своето гудало по нивните сочни гранки?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Изгледаше дека ќе падне и ќе се разлее како влага во влагата, додека коњот ќе продолжи да ја влече својата тешка судбина, незнано некаде во магла и неврат.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Беа и задоволни, онака како што се може да се биде задоволен по некоја ужасна смрт, на која ѝ претходела уште поужасна болест, од тоа што веќе нема да го гледаат Големиот Ристана како го влече својот плач по нивните темели со раскрвавените палци на нозете.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се чини, тоа е најдобриот начин да се стави крај на меѓусебниот антагонизам меѓу Југославија и Бугарија, кој ги влече своите корени од македонското прашање и на тој начин би се овозможило формирање на голема федерална држава на Јужните Словени што е и краен идеал на голем дел од интелигенцијата и на помалку шовинистичките Балкански Словени.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Таквата солуција за негрчка Македонија може да го има одобрувањето на СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Уште пред да изгрее сонцето, со прв писок на некоја птица и со ослободување на зеленилото од темна сивотија, последните стражари, Јордан Шоп и Куно Бунгур, се спуштиле бледи и со набабрени очи од блага височина од која можело да се надгледува околината и ги разбудиле луѓето да побрзаат да се измијат доколку најдат поток и да ги спрегнат говедата што по она малку сено, проџвакано во тие први дни од враќањето, стоеле на своите места со покорно обесени глави.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ако не му биле и потаму покриени очите со павлаката на ноќта што во далечина сѐ уште го влечела својот сив опаш, откако се прекрстил кон источната светлост Онисифор Проказник забележал дека Никола Влашки поцрнел, дошол некако испиен во лицето, со многу поостри брчки околу пропаднатите очи и отколку што можел да ги има по десет години.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Многумина живееја под витешкиот кодекс и стануваа „копја за изнајмување”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Терминот free lance*** (слободен стрелец) го влече своето потекло од периодот по крстоносните војни кога голем број витези ги напуштале своите господари.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)