Не престанува да ме мачи неизвесноста како да ги употребам моите книги да влијаат во спасот на моите чеда, на нашите потомци на Балканот!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сепак, нејзиниот збор во голема мера влијаеше во изборот на Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Покрај тоа, 50-те години беа зенитот на т. н. „baby boom“ генерација, кој негуваше огромен интерес за детското како никогаш дотогаш.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Но пред Маерс да успее да го направи тоа, апаратот бил купен од страна на ЕЛАС на црниот пазар.84 Овој контакт сигурно дека допринел Еди Маерс да го извести својот штаб во Каиро за македонските партизани и нивната борба и да влијае во испраќањето на мисија во ГШ на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Можела да влијае во формирањето на нејзиниот карактер, а имало случаи кога се одразувала и на нејзиниот изглед , не пропушти да нагласи Борко.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Еднаш откорнати од родната грутка како да не беше битно каде нѐ води ова вовче на судбината, на која станица ќе запре, кој ќе биде последниот свртничар: дали богот на случајноста, кој најмногу влијаеше во неизвесното одвивање на судбината на нашето семејство или некоја друга сила?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
КоБрА, велеше Алешински, „е уметничка форма која ги води директно во детството... со значења употребливи за возрасните”. 50-те години фројдовата психоанализа влезе во главните струи на популарната култура и беше нашироко земана како доказ дека, не само што детството продолжува да влијае во возрасното доба, туку тоа суштински го создава и обликува истото.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)