Постапката за преиспитување на согласноста ја поведува надлежен суд во рок од 30 дена од поднесувањето на тужбата од работодавачот (чл. 4 од ЗИДЗРО/ јан.13); в) кај обезбедувањето на безбедни работни услови се воведе обврска работодавачот да мора да обезбеди услови за безбедност и здравје на работниците согласно посебните прописи24 и да ги преземе сите неопходни мерки кои предвидуваат на секој работник да му е обезбедена соодветна обука за посебните карактеристики на работата, врз основа на неговата стручна подготовка и искуство.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Експлицитно се забранува отпуштање на работници при пренесувањето на трговското друштво или негов дел, освен отпуштањата од економски, технолошки или организациони причини коишто налагаат кадровски промени (чл. 68г, ЗРО/05 – Пречистен текст); ѓ) се воведе обврска за информирање и консултирање, како процес кој означува пренос на податоци, односно размена на мислења и воспоставување дијалог меѓу од работодавачот и претставниците на работниците.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)