Водејќи ја мазгата, се замислувам високо, на некоја точка од пепелавото небо, и ја гледам малата копачка дружина долу: двајца мрдаат во црвеникавата дупка, еден горе подава раце напред и ги враќа назад, маската како црн гуштер тегли споро донекаде, застанува и се враќа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Што велиш?“, го прашувам јас, бидејќи не го дослушувам додека тапкам пред животното фатен за оглавникот. „Пополека води ја маската“, повторува тој.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)